Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30 % во однос на одлуката од 27.06.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.
Со новото намалување малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 69,50 ден/лит, истакна РКЕ. Цената на Екстра лесно (ЕЛ-1) гориво ќе изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,605 ден/кг и сега ќе изнесува 39,583 ден/кг.