ЦУК: Активни пожари на неколку локации низ земјава

pozar od avtomobil

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска евидентирани се неколку пожари на отворено низ земјава.

Пожарот на дивата депонија во Визбегово е целосно изгаснат, а противпожарната единица на Град Скопје интервенирала и кај запалена сува трева на улицата Малешевска во населбата Драчево, како и по пријави во близина на авто-плац ЕНЗО и во Долно Лисиче, кај местото Чаталот.

Agria

Најсериозен е пожарот кај село Бешиште (општина Новаци), во близина на границата со Грција. Пожарот кој избувна вчера попладне зафаќа уредена шума со бор, даб и бука, и е поделен на два краци. Гаснењето е отежнато поради непристапен терен и детонации од заостанати гранати. На терен се четворица вработени од ЈП „Црн Бор“ со едно возило.

Во атарот на село Ерџелија, општина Свети Николе, пожарот е локализиран, а гореле сува трева и стрниште. Екипите на ТППЕ Свети Николе интервенирале со три пожарникари и едно возило.

Исто така, пожар бил пријавен и на автопатот Гостивар–Тетово, кај Неготинска Петља, каде што интервенирале пожарникари од ТППЕ Гостивар.

Надлежните апелираат на внимателност и одговорност при движење и активности на отворено.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: