Вчера, околу 21 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Н.Т. (29) од Велес, кој се барал со судска потерница за издржување затворска казна.
Како што информира МВР, против лицето Н.Т. била издадена наредба за приведување поради правосилна пресуда со која е осуден на две години и три месеци затворска казна. Тој е прогласен за виновен за кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.
По приведувањето, осуденото лице е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Скопје, каде ќе ја издржува казната.