Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне до 41 степен

Veles 1 juli 2025

Сончево и многу топло време е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во текот на денот ќе биде од 30 до 41 Целзиусов степен.

И во Велес денеска се очекува сончево и многу топло време со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 41 степен.

Agria

Топлотниот бран што ја зафати земјава, според УХМР, ќе трае до средината на наредната седмица. Намалување на температурите се очекува од среда кога ќе дува засилен северен ветер

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: