Осум пожари на отворено, четири сè уште активни, два во велешкиот регион

Pozar Drenovo Jabolciste

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот денеска на територијата на  Македонија се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се сè уште активни. Два од нив се на територијата на општина Велес и поширокиот велешки регион.

Во Општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата изворите на Бабуна и Бабина Дупка, регистриран е пожар на карпест терен. Во моментот нема активен пламен, но сè уште се забележува чад. Во Општина Велес сè уште гори ниска вегетација. Освен таму, активни пожари се регистрирани и во општина Прилеп, во селото Бешиште, каде што се шири приземен пожар во квалитетна мешана шума.

Agria

Дополнително, активен е и пожар во општина Македонски Брод, во селото Црешнево, на локацијата Церо Поле. Таму гори деградирана дабова шума и грмушки.

Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на пожарите. ЦУК апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не предизвикуваат отворен оган, особено во услови на високи температури и суво време.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: