Промоција на стари противпожарни возила кој ќе користат за гаснење пожари

Стари армиски и полициски возила што не се користеле со години се ставени во функција за гасење пожари. Станува збор за 38 возила кои биле неупотребливи и расходовани, а сега ќе бидат под надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување и со нив ќе се интервенира на тешко пристапни места.

„За првпат имаме неспоредливо поголем број ресурси за гасење пожари. Станува збор за најдобри теренски возила кои со еден и пол тони вода можат да стигнат онаму каде што луѓе тешко можат да се пробијат“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов на денешната промоција на возилата.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека овие возила не биле возени осум години, а за нивното оспособување не се потрошени пари од буџетот, туку тоа е направено со донација од општествено одговорни компании.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: