Официјално премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје денес го назначи актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври.
Премиерот истакна дека се темели на анкетите кои покажале дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ.
Исто така, утврдени се и кандидатурите за градочалници на општините. За Гази Баба е актуелниот градоначакник Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски кој доаѓа од приватнот сектор и има успешна кариера со менаџерски способности, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.
Премиерот исто така посочи дека одлуката за Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје е неговата максимална посветеност, работливост и постојана присустливост на терен, он сакал да работи за граѓаните.
„Јас Орце го познавам многу долго време, знам дека е исклучиво мотивиран најпрво да победи, а потоа да победува секој ден за Градот Скопје и за Скопјани. Тој е отворен, достапен и посветен работник, кој решава проблеми.“ изјави Мицкоски во своето обраќање.
Премиерот дополнително ја критикуваше и моменталната владеачка сила за Град Скопје со тоа што изјави дека на Скопје му е потребна нова енергија, после едно четири годишно девастирање и замреност на градот.
„И кога сме кај градот, ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот. Пред се затоа што Орце е докажан работник, и делата во Кисела Вода што ги направи за општината говорат за него“, нагласи Мицкоски.