Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен југозападен ветер
Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачат од 30 до 41 Целзиусов степен.
Времето во Велес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се движат од минимални 20 до максимални 41 степен.