Пронајдена исчезната српска малолетничка во Велес – била сместена кај 30-годишна жена, сакала да се омажи со малолетник

Полицијата во Велес ја пронајде 15-годишната малолетничка од Србија за која беше распишана меѓународна потрага по барање на Интерпол-Србија. Таа била лоцирана на 7 јули околу 22 часот, во домот на 30-годишната Р.Д. од Велес.

Како што информира СВР Велес, по пронаоѓањето бил извршен службен разговор со девојчето во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес. Според нејзините изјави, во Велес дошла доброволно со намера да се омажи со малолетно лице од градот.

Agria

За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а девојчето е предадено на Центарот за социјални работи Велес, кој ќе постапува понатаму со цел нејзино враќање кај родителите во Република Србија.

Полицијата не соопштува дополнителни детали, но најавува натамошно постапување во согласност со законот и меѓународните договори за заштита на децата и малолетниците.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: