Велешанецот Ангел Петрушев со одличен настап на Светското првенство во Франција

Angel Petrusev Francija

Македонскиот најдобар кајакар, велешанецот Ангел Петрушев, постигна исклучителен успех на Светското првенство во кајак – слалом, кое се одржа во Фоикс, Франција. Во конкуренција од дури 90 врвни натпреварувачи од целиот свет, Петрушев успеа да се пласира во полуфиналето и го освои одличното 20. место.

Овој резултат претставува едно од најзначајните достигнувања на македонскиот кајакарски спорт на меѓународна сцена. Петрушев, кој веќе неколку години доминира на домашната сцена, со својот настап уште еднаш потврди дека припаѓа во самиот врв на светското кајакарство.

Agria

Неговата посветеност, упорност и спортски дух се пример за сите млади спортисти во земјава, а ова постигнување е поттик за понатамошен развој и поддршка на кајакот како спорт во Македонија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: