Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
И во Велес ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.