Реклама

(ВИДЕО) Новиот спот на Љубојна за песна од филмот „Стела“, дело на велешката продукција Тулип Про, а продуцирано од Дрим Фактори

Велешката продукција Tulip Pro во соработка со Dream Factory, изработи видео спот за филмот “Стела” на режисерот Стојан Вујичиќ и продуцентот Огнен Антов. Музиката во филмот е дело на македонската група Љубојна.

Zito akcija 640x289px

Поради состојбата со коронавирусот, сеуште е непознато кога играниот детски филм „Стела“, по сценарио на Ева Камчевска, ќе ја доживее својата премиера. Филмот се подготвуваше две години, а снимањето заврши минатото лето. Снимањето се одвиваше во Скопје и на живописниот Галичник, а заврши во Штутгарт, Германија.

Agria

Филмот „Стела“ е приказна за едно куче шарпланинка, дете и дедо. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие поради континуирано врсничко малтретирање во училиштето во кое учи, изгледа како никој да не може да допре до него. Тој престанува со секаква вербална комуникација. Кучето Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е само неговото постоење и Стела е среќна што е во негова близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае.

Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови, и телевизиски проекти. Познат е по филмовите “Брат за еден ден”, “Допир” и “Годините го чинат своето”, прикажувани и наградени на престижни филмски фестивали.