Полициски службеници од Полициската канцеларија Градско вчера утрото пронашле неколку експлозивни направи покрај брегот на реката Вардар, во атар на селото Старо Градско, информира СВР Велес.
Според полицијата, по пријавата подигнати се четири експлозивни направи – една минофрлачка граната со калибар 75 мм, една артилериска граната со калибар 75 мм и две артилериски гранати со калибар 85 мм. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги обезбедил и пренел гранатите, при што било утврдено дека тие потекнуваат од Првата светска војна.
Надлежните апелираат граѓаните при пронаоѓање на вакви или слични предмети веднаш да ја известат полицијата и да не ги допираат, поради ризик од активирање.