Платата порасна, кошничката уште побрзо, статистиката блеска, граѓаните стегаат заби

pari

Во битката меѓу празниот џеб и полната кошничка, платата во јуни направи нов чекор напред. Со 45.468 денари нето и 68.340 денари бруто, македонските плати растат како статистика, но дали расте и животниот стандард?

„Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8,5 отсто. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни изнесувала 68.340 денари, додека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45.468 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите образование за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 13 отсто и рударство и вадење на камен за 12,3 отсто“, наведено е во соопштението од ДЗС.

Agria

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1 отсто и транспорт и складирање за 2 отсто.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: