Борец 1919 е победник на Детскиот турнир во мал фудбал 2025

ВО спортски дух, во Градскиот парк во Велес заврши Детскиот турнир во мал фудбал 2025, кој се одржа во организација на Општина Велес, во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев. Турнирот привлече голем број млади учесници и љубители на фудбалот, а финалните натпревари понудија вистинска драма и возбудување.

Во првото полуфинале, екипата на Борец 1919 ја совлада Тополка по изведување на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. Во второто полуфинале  – Мал Ајакс успеа да слави над Наш’то маало со резултат 3:2. Натпреварот за третото место го доби Наш’то маало, кои убедливо ја совладаа Тополка со 4:1 и се закитија со бронзениот медал.

Agria

Финалето беше вистински фудбалски спектакл, иако заврши без голови во регуларниот дел (0:0). Судбината на победникот беше решена по пеналите, каде што Борец 1919 беше подобар и заслужено го освои првото место на турнирот.

Индивидуалните награди одеа во рацете на младите таленти, Васко Диковски кој беше прогласен за најдобар голман на турнирот, додека Теодор Видиков е прогласен како најдобар играч.

Турнирот уште еднаш покажа дека спортот и младите се вистинската комбинација за здрава и активна иднина, а Велес и оваа година покажа дека знае да организира незаборавни спортски настани.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: