Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со „Мајка“ го затвори 33. фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица

Со претставата „Мајка“ од Флоријан Зелер, во режија на Јордан Витанов, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константин Џинот“ синоќа ја спушти завесата на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Велешката постановка, која ја носи современата драма на францускиот драматург Зелер, ја имаше честa да го заокружи богатото фестивалско издание кое и годинава понуди селекција од врвни театри од земјава.

Agria

Главната награда за најдобро актерско остварување ѝ беше доделена на актерката Билјана Драгичевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмскиот театар од Скопје. Жири комисијата додели и специјална награда за најдобра претстава на фестивалот, која ѝ припадна на постановката „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, изведена од ансамблот на Народниот театар од Битола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: