Полициски службеници од СВР Велес денеска во 16:25 часот го привеле С.Ј. (23) од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна.
Како што информира полицијата, лицето било осудено за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. По неговото приведување, С.Ј. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде ќе ја издржува затворската казна.
Од СВР Велес најавуваат дека продолжуваат со интензивни активности за пронаоѓање и приведување и на други лица кои се бараат со судски наредби.