Овој викенд, на 26 и 27 септември, кањонот Матка ќе биде домаќин на финалето на Светските купови во кајак спуст на диви води, а директниот пренос ќе го реализира Live Streaming Production, компанија која повторно е дел од најголемите спортски случувања во земјава.
Преносот ќе се обезбеди со четири професионални камери, искусен тим сниматели, двајца британски коментатори и реализатори со долгогодишно искуство во продукција на спортски преноси.
„Тимот е подготвен, опремата е проверена и средена, а нашата цел е уште еднаш да обезбедиме врвен пренос достоен за светска публика. Благодарни сме на клиентите кои го препознаваат нашиот квалитет и ни ја доверуваат реализацијата на најзначајните настани, велат од Live Streaming Production.
Компанијата во своето портфолио има голем број на преноси, а каде позначајни се Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, Спортските игри во Велес со над 660 спортисти од Македонија, Ирска, Шведска и САД, Европскиот куп во кајак, бројни суперлигашки ракометни и фудбалски натпревари, како и многу музички концерти и културни настани.
Преку вакви проекти, Live Streaming Production постепено и сигурно се наметнува како сериозен играч во продукцијата на преноси на настани во земјата и регионот.