Полицаец од Велес, идентификуван како С.А., се заканувал на човек од кого купил половно возило кое по кратко време се расипало, соопшти МВР. С.А. тврдел дека возилото било во исправна состојба и дека добил гаранција, но откако настанал дефект, упатил закани кон продавачот и неговото семејство.
На службеникот му е одземено службеното оружје, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел предлог за поведување дисциплинска постапка. До завршување на постапката, полицаецот е отстранет од работното место.
Покрај тоа, Одделот поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес против С.А. за кривичното дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.