Акција по повод Меѓународниот ден на старите лица, прегледи и здравствени совети за жителите на Градско

По повод Меѓународниот ден на старите лица, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес спроведе хуманитарна и здравствена активност наменета за повозрасните граѓани на Општина Градско. Во просториите на Здружението на пензионери од Градско, беше организирана акција за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, како и давање совети за превенција од хронични болести.

Акцијата ја спроведе тим составен од лекар и тројца волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст – Велес. Вкупно 42 жители на општината Градско ги искористија бесплатните прегледи и добија корисни информации за зачувување на своето здравје.

Agria

Настанот се реализираше во соработка со Основната организација на Црвениот крст во Градско, која навремено ги информираше граѓаните и помогна во организацијата на активностите.

Со оваа акција, Црвениот крст уште еднаш ја потврди својата посветеност кон грижата за повозрасната популација и поттикнување на здрави животни навики.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: