Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Veles Malo movce Oktomvri 2021

Сончево со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе биде од минус 1 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 20 степени.

Agria

За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе се движи од 6 до 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, од понеделник до среда температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината. Пораст на дневната температура се очекува од четврток.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: