МПЦ-ОА го одбележа празникот на Сите Македонски Светители во Велес

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денес го одбележа празникот на Сите Македонски Светители, кој традиционално се слави во првата недела од месец октомври. По тој повод, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес беше отслужена Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На литургијата сослужуваа и митрополитите Агатангел (Повардарски), Пимен (Европски), Јосиф (Тетовско-гостиварски), Григориј (Кумановско-осоговски) и Георгиј (Дебарско-кичевски), заедно со бројно свештенство од различни епархии.

Agria

Овој значаен духовен настан се одвива во рамки на Семакедонскиот црковно-народен собор, кој започна да се одржува во 1998 година и оттогаш, без прекин, се организира секоја година на истиот ден. Годинава се одбележуваат 27 години од воспоставувањето на оваа традиција.

Празникот на Сите Македонски Светители е востановен од МПЦ-ОА како ден за чествување на сите наши светители од сите времиња и епохи – архиереи, свештеници, монаси и мирјани, кои со својот живот, подвиг и вера дале неизбришлив печат во историјата на Македонската православна црква и духовниот живот на македонскиот народ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: