Регулаторната комисија за енергетика на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2 % во однос на одлуката од 29.09.2025 година.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98 кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари.
Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, односно од утре ќе се продава по цена од 68 денари. Поевтинува и цената на мазутот, од 37,6, сега ќе се продава за 36,7 денари по килограм.