Приведен скопјанец кај Велес со недозволено оружје

Lovecka puska

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес синоќа околу 21:40 часот го лишија од слобода Љ.К. (57) од Скопје, поради поседување огнено оружје без соодветна документација.

При рутинска контрола на регионалниот пат Велес – село Извор, во близина на местото викано „Пашин мост“, полицијата извршила преглед на патничко возило марка „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К. При прегледот биле пронајдени и одземени ловечка пушка марка „Бајкал“ и патрони со калибар 12, за кои возачот немал потребна дозвола.

Agria

Осомничениот е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: