Дебитански настап со пораз за одбојкарките на Виола Волеј во Втората лига

Женската одбојкарска екипа Виола Волеј го одигра својот прв натпревар во Втората одбојкарска лига, но дебито мина без бодови. На домашен терен, тимот беше совладан од поискусната екипа на Виктори Волеј со максимални 3:0 во сетови.

Иако крајниот резултат сугерира убедлива победа за гостинките, натпреварот беше далеку од едноставен. Првиот сет заврши во корист на Виктори Волеј со поголема разлика, но вториот и третиот сет беа вистинска борба на теренот. Сепак, малото искуство и недоволната уиграност на домашниот состав, кој во најголем дел се состои од млади одбојкарки на возраст од 14 години, ја наклони вагата на страната на гостинките. И двата сета завршија со резултат 25:23 за Виктори Волеј.

Agria

„Тесен натпревар кој што можевме да го добиеме, но неуиграноста и мешаниот состав од помлади девојки си го направија своето“, изјави тренерот на Виола Волеј, Милан Радевски, по натпреварот.

И покрај поразот, тимот на Виола Волеј покажа потенцијал и борбеност, што дава надеж за подобри резултати во продолжението од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: