Нова моќна партија на Превалец, Бучин декласиран со 6:0

Фудбалерите на Превалец продолжуваат со импресивната форма во новата сезона, откако во рамките на петтото коло од првенството, на гостински терен го совладаа составот на Бучин со убедливи 6:0.

Надмоќта на гостите од Велес беше очигледна уште од самиот старт на натпреварот. Лука Наумов го отвори резултатот во 18. минута, а само седум минути подоцна Марјан Здравевски ја удвои предноста. До крајот на првото полувреме, во листата на стрелци се впиша и Александар Јордановски во 36 минута, со што Превалец на пауза замина со високи 0:3.

Agria

Во вториот дел, Давид Спиридонов зголеми на 0:4 во 48. минута, а автоголот на Благојче Ефтинџиоски во 63. минута дополнително ги закомплицира работите за домаќините. Крајниот резултат го постави Пеце Стојанов во 72. минута.

Со оваа победа, Превалец се искачи на третата позиција на табелата со вкупно 10 бодови, но има и натпревар помалку од своите конкуренти. Во следното коло, тимот ќе се соочи со директен ривал, второпласираниот Росоман, во дерби-средба која може да биде клучна за врвот на табелата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: