(ВИДЕО) Маја Хеско: Машината за обележување улици во Велес стана симбол на недомаќинско работење и скандали

Навременото и квалитетно обележување на улиците во Велес е клучно за безбедно одвивање на сообраќајот и за заштита на пешаците, особено на децата, но наместо редовно и домаќинско управување, актуелната градска власт дозволила машината за хоризонтална сигнализација да се користи на сомнителен начин, рече на денешната прес конференција кандидатката за градоначалничка на Велес од СДСМ, Маја Хеско.

Таа потсети дека набавката на тракторчето за обележување на улиците, вредно повеќе од 2,5 милиони денари, предизвика јавен скандал уште пред две години.

Agria

„Продавам тракторче од 45.000 евра, само за градоначалници – беше напишано на Градскиот пазар во една герила акција. Скандалозната јавна набавка на тракторчето, по за три пати поголема цена од слични такви во општините Центар и Илинден, служеше за потсмев во повеќе медиуми. Државниот завод за ревизија објави дека јавната набавка е проблематична“, рече Хеско.

Според неа, и по скандалот, машината не се користи наменски, туку Општината ја отстапила на ЈКП „Дервен“, кое не е регистрирано за ваква дејност и нема обучени лица. Наместо тоа, претпријатието ја изнајмува машината на приватна фирма, која пак хонорарно ангажира општински работници за обележување на улиците и тротоарите.

„Пренесувањето на обврската од еден на друг, па на трет, значи и зголемување на цената што сега ја плаќаме со пари од буџетот, со наши заеднички пари. Конфликтот на интереси на вработените во општината исто така не е за занемарување.“, нагласи Хеско.

Таа додаде дека ова е пример за недомаќинско и неодговорно работење, кое, како што рече, мора да биде санкционирано на претстојните избори. Хеско порача дека по бројните скандали и непотизам во вработувањата, Велес заслужува чесна и транспарентна локална власт.

„По бројните скандали, непотизмот при вработувањето и нарушувањето на угледот на општината од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ви ветуваме дека нашата градоначалничка и советниците од СДСМ, со висок интегритет, знаење и компетентни кадри, со чесно и одговорно работење ќе го вратат достоинството пред сè на Буџетот. Општина Велес повторно ќе ја вратиме да биде општина за пример, една од најдобрите во Македонија.“, изјави Хеско.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: