ФФМ со информации за навивачите за мечот со Казахстан – Трибините се отвораат од 18:45 часот

Fudbalska federacija na Makedonija FFM

Фудбалската федерација на Македонија излезе со информации за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан.

„Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот.

Agria

Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме.

Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).

Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.

Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.

Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања“, велат од ФФМ.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: