Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 степени, а максималните од 7 до 19 Целзиусови степени.
И во Велес времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16 степен.