Во атарот на селото Иванковци утрово е пронајден починат 63-годишен велешанец.
Според информациите од СВР Велес, телото на мажот со иницијали М.С. било забележано околу 8 часот на местото викано „Бабиште“. Лекар од Итната медицинска помош излегол на терен и констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото на настанот бил извршен увид од полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.