До 15 часот на локалните избори во Општина Велес излегле и гласале 12.344 избирачи, што претставува 27,4 проценти од вкупно 44.950 граѓани запишани во избирачкиот список. Гласањето се одвива на 83 избирачки места, без пријавени поголеми неправилности.
Во Општина Чашка до овој термин гласале 3.264 граѓани од вкупно 6.141, или околу 53 проценти од избирачите.
Во Градско, на 11 избирачки места своето право на глас го искористиле 1.126 гласачи, што е приближно 37 проценти од запишаните 3.038.
Во Росоман, од вкупно 3.297 избирачи, гласале 1.531, што изнесува околу 46 проценти од вкупниот број запишани во избирачкиот список.
Во Општина Лозово, до 15 часот гласале 900 граѓани од вкупно 1.905, што е нешто над 47 проценти.
Според изборните комисии, гласањето во сите општини од велешкиот регион се одвива мирно и без поголеми забелешки.