Фудбалерите на Тополка конечно ја запишаа својата прва победа во новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ, и тоа во рамки на 7. коло. На домашен терен тие беа убедливи против екипата на Дреново, славејќи со резултат 3:0.
Резултатот го отвори Јован Димитров во 38. минута, предноста ја зголеми Никола Калешов во 57. минута, а конечните 3:0 ги постави Николче Стојанов во 88. минута.
Со овој триумф, Тополка ги освои првите три бодови на свој терен и се искачи на 10. позиција на табелата со вкупно 5 бодови. Тимот покажува знаци на подем и се надева дека оваа победа ќе биде пресвртница за подобри резултати во продолжението од сезоната.
Во следното коло љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во вистинско локално дерби, бидејќи Тополка ќе гостува кај Превалец.



















