Исчистен дел од коритото на Отовичка река, продолжуваат активностите за еколошка обнова на езерото Младост

Во изминатиот период интензивно се работеше на чистење на дел од коритото на Отовичка река, како дел од активностите на Општина Велес за еколошка обнова на езерото Младост. Ова претставува само еден од чекорите во насока на подобрување на состојбата на ова природно богатство, кое со години наназад се соочува со загадување и намален водостој.

Во рамки на континуираната соработка меѓу Општина Велес и ЈПВ „Лисиче“, во наредниот период ќе се спроведува механичко чистење на наслаги и други органски материи од акумулацијата. Паралелно ќе се работи и на проектирање и изведба на бушотини за доток на свежа вода, како и поставување на дополнителен сифон за празнење на езерото.

Agria

Како долгорочно и трајно решение, во координација со Владата, ќе се продолжи со активностите за довршување на цевководот кој ќе овозможи поврзување на акумулациите Лисиче и Младост.

Од Општина Велес порачуваат дека езерото Младост е „срцето на Велес“ и дека само со заедничка, посветена и координирана работа со сите засегнати страни може повторно да му се врати сјајот што го заслужува.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: