Реклама

Заев: Здраво е за ДУИ малку да оди во опозиција

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вчерашната емисија на Клик Плус на ТВ 21, рече дека кампањата на ДУИ е популистички чекор, кој е опсеан со оптимизам.

Zito akcija 640x289px

„Како основоположник на концептот ‘едно општество за сите’, сметам дека ова е популистички чекор, опсеан со национализам. Ништо повеќе нема во тоа, исклучиво е заради партиско – популистички калкулации. Со ваквиот вид на кампања, ДУИ ќе оди во опозиција, тоа е сигурно и ќе губи гласови, затоа што ја повредува интелегенцијата на нашиот народ“, рече Заев.

Agria

Тој рече дека во ДУИ треба да знаат дека тој што ќе победи на избори, ќе има мнозинство во парламентот, ќе формира и влада.

„Треба да знаат дека калкулираат со гласови, а всушност губат гласови. За тоа СДСМ ќе победи и ако тоа е условот на ДУИ, ние нема да преговараме со нив за влада“, кажа Заев.

Заев порача дека и за државата, но и за самата партија е здраво по 16 години малку да оди во опозиција.

„Не биле во опозозиција, нека видат малку како е во опозиција“, рече Заев.

Поврзани вести: