На повидок е вакцината против „Ковид-19“

Koronavirus vakcina
Koronavirus vakcina

Британската фармацевтска компанија „Астрозенека“ потпиша договор со Италија, Германија, Франција и Холандија за снабдување на Европа со вакцина против „Ковид-19“, а првите испораки се очекуваат на крајот на годината.

Zito akcija 640x289px

Договорот опфаќа 400 милиони дози од вакцината развиена од Универзитетот Оксфорд, објави компанијата, додавајќи дека постои можност и за проширување на производството. Компанијата вети дека ќе ја обезбеди вакцината без остварување профит.

Agria

„Додека нашиот европски ланец на снабдувачи се подготвува да почне со производството, ние се надеваме дека вакцината ќе биде достапна брзо и насекаде“, изјави извршниот шеф на „Астрозенека“, Паскал Сорио.

Пробниот период на вакцината е веќе во напредна фаза и италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца кажа дека таа може да се очекува на крајот на есен.

На глобално ниво, „АстроЗенека“ постигна договори за производство на две милијарди дози од вакцината.

Извор: sdk.mk

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: