Реклама

Детали за смртта на седумгодишното дете од Велес

Brza pomos vozilo

Лекарите не успеале да му го спасат животот на седумгодишното дете до Велес кое почина вчера, бидејќи уште кога родителите го донеле во брза помош, тоа било без знаци на живот. Но, и покрај тоа, според протоколите, лекарите се обиделе да го реанимираат.

Zito akcija 640x289px

Според Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом во Велес, родителите го донеле детето вчера во 11:54 часот во амбулантата на итната медицинска помош.

Agria

„По извршениот медицински преглед било заклучено дека детето е без знаци на живот, со видливи мртовечки дамки по телото и подуеност на стомакот над ниво на граден кош. Веднаш е пристапено кон реанимација согласно протоколот за деца, амплицирана е ампула адреналин и обезбеден е дишен пат и итно транспортирано со амбулантно возило во Ургентниот центар на Општата болница. За време на патот, цело време е давана реанимација“, информира д-р Тодоров.

Претходно, истото утро околу 8 часот, родителите го однеле нивниот син на матичен лекар со симптоми на пролив и повраќање. Отакако состојбата му се влошила и без знаци на живот е донесен во брза помош, веднаш е префрлен во велешката болница. Портпатолот на болницата д-р Весна Николовска – Неделкова вели дека детето е примено во коматозна, цијанотична состојба, без сопствено дишење и без срцева акција.

„Од моментот на телефонскиот повик дека Итна помош, чии лекари први се бореа да го спасат, се транспортира мало дете без срцева акција, лекарскиот тим на болницата, предводен од анестезиолози, се подготви и го прифати детето, за потоа да стори се што е неопходно со цел да го врати во живот. Пациентот беше веднаш интубиран и започнато со реанимација. За жал, обидите на лекарите беа неуспешни и беше констатирана смрт во 12:20 часот“, рече д-р Николовска – Неделкова.

Сега, обдукцијата која ја нареди јавниот обвинител, треба да ја открие причината за смртта на седумгодишното дете.