Реклама

На гробишта уапсена жена што 10 години и бегала на полицијата

Откако полицијата ја барала повеќе од 10 години, утринава била уапсена 65-годишната Бранка П. од Скопје, која се барала со централна, но и меѓународна потерница, објави “Фокус”.

Zito akcija 640x289px

Полицијата трагала по Бранка затоа што требало да одлежи 17 годишна казна затвор, за даночни измами и затајувања.

Agria

Екипите за потраги при ЕВР Кисела Вода утринава ја лоцирале, по што набрзо била уапсена. Дознале дека во Македонија влегла пред два дена, а ја уапсила откако отишла на помен кај својот починат сопруг.

Претходно постојат сомнежи дека бегалката со години се криела во Белград и Сремска Митровица.

Извор: fokus.mk

Можеби ќе ве интересира: