Реклама

(ВИДЕО) Лазов: Градоначаникот сака да ја затвори Маслодајна, Коцевски: Лазов лаже!

Maslodajna 19.06.2020

Првиот човек на велешка Маслодајна Горан Лазов ги отфрла обвинувањата дека неговата фабрика е виновна што мазут завршил во Вардар. Тој прстот го впери во градоначалникот Аце Коцевски и комуналното претпријатие Дервен.

Zito akcija 640x289px

Според него, откако во неделата наутро се случил дефект на постројка и мазутот се излеал на улица, работниците од Маслодајна истуриле сончогледово ќоспе за да ja впие течноста, па го собрале во трактори и го фрлиле на депонија.

Agria

Лазов вели дека следното утро улицата ја переле работници од комуналното претријатие, па се сомнева дека тоа намерно го направиле нестручно, за мазутот да отиде во Вардар.

„И понатаму се води кампања да се прикаже дека ние сме штетници или дека ние сме најголеми загадувачи во овој град. И сега за белјата да биде понатаму, нашиот градоначалник се обидува да докаже дека тој е во право. Комуналното претпријатие „Дервен“ дали редовно ги мие улиците или не, навистина не знам. Дали по наредба на нашиот градоначалник дошле и ја измиле улицата сабајлината, за да сето тоа, знаејќи дека ќе оди во Вардар, во 6 или во 7 часот, кога ја миеле улицата, за тој, јас претпоставувам дека е тој, да отрча на Вардар и да слика, бидејќи се уверив дека е добар фотограф, да ја слика сета таа дамка, меѓутоа така добро сликана, да прикаже којзнае каква хаварија се случила. Меѓутоа, почитувани граѓани и господо, тоа не беше баш така. Ние улицата не ја измивме. Ако беше за миење, ние имаме хидранти и можевме да ја испереме улицата, но знаеме што би се случило понатаму. Значи, беше снимано и затоа господинот градоначалник ни прати републичка инспекција, да констатира и да не казни дека ние сме направиле некоја хаварија. Зошто и како сака да не казнува, навистина не знам“, рече Горан Лазов, директор на П.И. „Благој Ѓорев“ – Велес.

Goran Lazov 19.06.2020

Тој тврди дека Маслодајна никогаш не загадувала. Вели дека неосновани се и реакциите на граѓаните кои на социјалните мрежи постојано алармираат за испуштање чад и лоша миризба од фабриката. Во сето ова Лазов гледа политика, па и покрај тоа што институциите констатирале пет хаварии за 18 месеци, тој негира дека е така.

За градоначлникот Коцевски ова се неточни информации. Државниот инспекторат вчера направил записник, во кој биле утврдени големи пропусти. Коцевски го прифати предизвикот од Лазов за сето ова да дебатираат и на ТВ дуел.

„Во текот на вчерашниот ден инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, затоа шт оние во моментов немаме инспектор за животна средина, биле и извршиле увид во фабриката. Неформални се нивните заклучоци и изјави, но за очекување е дека ќе биде поднесена соодветна пријава за прекршокот кој е направен од трета категорија, тоа е највисок прекршок што може да го направи некој загадувач, односно оператор. За тоа следува голема казна, но да не прејудицираме, нека си ја вршат недлежните државни одгани нивната работа. Јас сакам да ве известам дека тоа што го ви кажав на минатиот состанок, во текот на вчерашниот ден, почитувајќи го принципот на презумција на невиност, се обратив до Јавното обвинителство, не со кривична пријава, туку со информација во која хронолошки ги наведовме сите наши сознанија, проследени со соодветни докази во вид на фотографии, повикување на законските одредби за тоа што се случуваше во фабриката, па нека проценуваат тие дали има елементи за водење на постапки или не“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Ace Kocevski 19.06.2020

Директорот на Маслодајна Горан Лазов ги демантира и обвинувањата од Коцевски дека во фабриката воопшто не се инвестира. Вели дека купена опрема вредна три милиони евра не може да се монира, оти општината три години не им издавала градежна дозвола.

Од Општина Велес пак велат дека за да се издаде градежна дозвола, инвеститорот мора да поднесе основен проект, а Маслодајна до денес, тоа не го сторила.

Освен минатонеделниот, во оваа фабрика хаварија имаше и лани во септември, за што фабриката доби казна од 50 илјади, а Лазов беше условно казнет со 15 илјади евра.

Тука можете да ги проследите прес конференцијата на Горан Лазов и изјавата на градоначалникот Аце Коцевски:

Поврзани вести: