(Видео) Тадиќ: Единство на опозицијата е невозможно, Вучиќ го уништи политичкиот живот во Србија

boris-tadić-fonet-nenad-đorđević

Борис Тадиќ, лидерот на Социјалдемократската партија и поранешен претседател на Србија, оцени дека првите проекции на резултатите на парламентарните избори покажуваат дека Александар Вучиќ го уништил политичкиот живот во Србија.

Според Тадиќ, единство на опозицијата е речиси е невозможно и затоа предлага формирање на една нова, силна опозициска партија.

Agria

Поранешниот претседател на Србија, вели дека ситуацијата во која една партија освојува 62 отсто од гласовите, а следната 10 отсто, следната 4,5 отсто, а сите останати се под цензусот, не е нормална и сведочи за состојбата во која се наоѓа Србија.

На вчерашните парламентарни и локални избори во Србија, Српската напредна странка на Вучиќ, оствари голема победа и голема е веројатноста да има 189 пратеници, од можни 240.

Единствен кој го помина потребниот цензус, а при тоа не е владеачка партија, односно коалиција, е победа за Србија на Александар Шапиќ со 12 пратеници, како и партиите на националните малцинства кои ќе имаат свои претставници во републичкиот парламент.  Сепак, дури и Шапиќ пред новинарите синоќа рече дека е подготвен да коалицира со некоја од партиите во парламентот.

Вучиќ вчерашната победа ја прослави заедно со неговата ќерка Милица, а на прославата беше и премиерот Ана Брнабиќ, како и највисоките функционери на Српската напредна странка.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=46&v=Qdj7Nx84Udc&feature=emb_title

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: