БИЛА ВО КОНТАКТ СО ПЕТ ЗАРАЗЕНИ: Велешанка со симптоми на коронавирус три дена чека резултати

testiranje-2
testiranje-2

Велешанка, чиј идентитет и е познат на редакцијата, но сака да остане анонимна, три дена чека резултати од тестот за коронавирус, откако решила да се тестира, бидејќи добила симптоми, а претходно била во контакт со заразени колеги на своето работно место.

Zito akcija 640x289px

Велешанката вели дека во овие три дена живее во неизвесност и страв. Од Центарот за јавно здравје и било речено дека сеуште се чекале резултатите од тестовите, кои во Велес биле направени од минатата среда, 17 јуни, па и таа требало да почека.

Agria

„По добиените информации дека колешка од работа е позитивна на коронавирусот, а бидејќи претходно имав симптоми, решив да се јавам кај мојот матичен лекар, кој ми креираше упат за да одам да се тестирам. Имав закажано термин во петокот, на 19 јуни, а денес е 22 јуни, а јас сеуште немам добиено никакви резултати. Поради ова, додека стигнат резултатите, поминувам денови полни со неизвесност и страв“, вели велешанката.

Велешанката работи во друг град. Таа раскажува дека, иако имала контакти со повеќе заразени, никој од надлежните не ја контактирал.

„Имам впечаток дека надлежните институции воопшто не се интересираат за нашето здравје. Она што велат дека со заразените се контактира, во мојот случај не е точно. По контакт со пет заразени лица со кои сум поминувала цели денови на моето работно место, веројатноста и јас да сум заразена е голема, но никој ме нема контактирано, да праша како сум, дали сум се тестирала и дали имам контакти со други лица“, раскажува таа.

Од Центарот за јавно здравје велат дека ја разбираат ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и ги молат за трпение.

„Примероците од тестовите ги праќаме во Институтот за јавно здравје во Скопје и таму се обработуваат резултатите. Можно е ова доцнење да се должи на зголемениот број тестирања и ограничениот број на луѓе кои ги обработуваат тестовите, кои потоа мораат да се внесат во компјутерскиот систем. Штом стигнуваат резултатите кај нас, ние веднаш ги известуваме пациентите. Ја разбираме нивната состојба и ги замолуваме за трпение“, вели Анастасија Иванова, директорка на Центарот за јавно здравје Велес.

Во Велес денеска се регистрирани два нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 167. Од нив, сеуште активни се 33 случаи.

Поврзани вести:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: