Реклама

Филипче: За да ги отвориме границите без тестови и карантин треба да се договориме со соседните земји

Filipce 29.05.2020

Комисијата за заразни болести одлучи да предложи отворање на казината и автомат клубовите, да профункционира јавниот превоз во Тетово, а на крајот на неделава, да се отворат теретаните и фитнес – клубовите, но со строги протоколи, рече на денешната прес – конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој откри дека денеска и утре ќе се разговара за отворање на границите и какви ќе бидат условите за тоа.

Zito akcija 640x289px

„Нашата анализа покажува дека цел регион е во ист епидемиолошки ризик. Утрово имавме дискусија, ќе продолжиме и утре и ќе донесеме одлука. Денеска ќе разговараме и со министерствата за здравство во околните земји. Во однос на тоа дали и ние ќе бараме тестови, ако при влез на една земја од наши граѓани се бара тоа, можам да кажам дека тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, како на пример потпишување на документи за следење, што на почетокот на коронкризата се практикуваше во авион“, рече Филипче.

Agria

Околу најавата дека јавно ќе бидат објавени имињата на оние кои одбиваат да ги примат решенијата за изолација, Филипче рече дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) преку пошта испратил околу 400 решенија, а за 30 назад стигнало дека не се доставени.

„Ќе почекаме уште некој ден – два, мораше прво да се искористи овој механизам, согласно законот за општо – управна постапка“, рече министерот за зравство.

Филипче кажа дека јапонската влада преку амбасадатата испратила донација од лекот „авиган“ за 100 пациенти. Иако лекот не е одобрен, Филипче рече дека се покажал добар за лекување на Ковид – 19.

„Станува збор за антивирусна терапија, која во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата од 2014, но, и натаму не е одобрен да биде лек за коронавирус. Во тек се бројни студии и од искуство веќе има добри резултати. Ова е лек што се користи, „оф-лејбл“, а за да биде дефинитивно потврден, односно конкретно за Ковид – 19, треба да завршат клиничките студии. Има добри резултати во земјите, се препишува после строга индикација, после долги анализи на крвта, анализи кои се прават во нашите болници“, рече Филипче.

Според статистиките на Институтот за јавно здравје, од 12 до 29 јуни, најголем број на новодијагонстицирани лица има во Скопје, 58,3 проценти и 14,2 од Тетово и со тоа, рече Филипче, се докажа дека овие два града се најголеми жаришта во земјава.

Статистиката вели дека најмногу заболени има на возраст на 60 години, но 19,4 проценти се на возраст од 30-39 години. Највисоката смртност е забележана кај лица над 60 години, 83,1 отсто, а најголем дел имале хронични заболувања.

Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 5196 заразени, оздравеле 1.974, починале 247, а активни се сеуште 2975 случаи.

Поврзани вести: