Реклама

(ВИДЕО) Не можев ниту да дишам, ниту да зборувам

763837-snemuva-mesto-za-bolnite-so-korona-nema-nitu-dovolno-medicinski-personal

Борба за кревет на инфективните одделенија ширум земјава. Вториот бран на заразени ги полни болниците за лекување од коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Властите уверуваат дека системот е стабилен. Докторите се мобилизираат и се ентузијасти, но за да се издржи притисокот, велат пресудно е поведението на секој поединец.

Agria

Ѓултене Идризи по една недела на кислордона поддршка конечно дише самостојно.

„Многу бев болна. Не можев да дишам. Не можев ниту да зборувам. Од вчера почнав да зборувам. Апелирам до сите граѓани да се чуваат. Многу е лош вирусот“, изјави Идризи.

Лекарите кои што го прележаа вирусот се враќаат на должност. Меѓу нив е и Даниел Трајановски, кој верува дека се инфицирал при обид за реанимација на пациентката која беше запишана како прва жртва од коронавирусот во земјава.

„Сите што бевме на реанимација, можам да кажам дека сите излеговме позитивни. Сега кога се присетувам тој момент и таа слика пред мене, каде што се сите даваме напори, но не можеме да ја спасиме пациентката, е навистина трогателно за сите нас“, вели Трајановски.

Извор: 360 степени

Поврзани вести: