Реклама

Промена на некои избирачки места поради здравствените протоколи

Glasacka kutija

Протоколите за гласање ќе ги променат локациите на неколку штипски избирачки места. Во тек е увидот да се утврди колку од избирачките места во Штип се под 30 метри квадратни и каде ќе се гласа ако избирачкото место не ги исполнува здравствените стандарди. Откако ќе заврши постапката за промените ќе бидат информирани и граѓаните.

Zito akcija 640x289px

Посебни здравствени избирачки одбори ќе го спроведуваат гласањето на лцата во изолација и болни од Ковид 19, додека општинските изборни комисии ќе добијат само списоци со граѓаните кои поради вирусот ќе гласаат н 13-ти Јули.

Agria

“Гласањето кај зазените ке се одвива така што, кај нив ќе оди специјална здравствена група, која ќе биде заштитена народски кажано од глава до пети. На тој начин тие ќе гласаат,” изјави Сенка Андреева престседател на Општинска изборна комисија Штип.

Досега во Општинските изборни комисии не добиле насоки дали од веќе формираните избирачки одбори ќе бидат иземени медицинските работници што во Штип ги има околу стотина.