Официјално стратува кампањата за предвремените парламентарни избори во земјава. За првпат во досегашната изборна практика таа ќе се одвива во едни поинакви услови.
Политичките партии веќе најавија дека во интерес на здравјето на граѓаните нема да практикуваат митинзи и поголеми собири. Ќе имаат средби со граѓани но во помал обем, а изборните програми бо глобала ќе ги презентираат онлајн пред поддржувачите. Обраќањата до граѓаните ќе ги реализираат преку медиумите и социјалните мрежи.
На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, а гласањето ќе се одвива три дена. На 13-ти јули ќе гласаат заразените со Ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. На 14-ти јули ќе гласаат изнемоштените и болни лица, а сите останати на главниот изборен ден 15-ти јули, кога гласањето ќе трае во продолжен рок – од 7 до 21 часот.
Денеска СДСМ и Зоран Заев изборната кампања ја почнуваат од Струмица, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицскоски од Охрид, а партијата ДУИ од албанскиот блок, кампањта ја почнува во Преспа.
Можеби ќе ве интересира: