Реклама

Штипскиот градоначалник го знае загадувачот, риболовците ги викаат инспекциите да го потврдат

Bregalnica pobelena 2

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека е пронајден изворот на загадување на реката Брегалница, и дека веднаш била повикана полиција и крим полиција кои вршат испитување.

Zito akcija 640x289px

Реката Брегалница вчера побеле, се ширела и неподнослива смрдеа, а надлежните веднаш излегле на терен и почнале со пронаоѓање на сторителот.

Agria

„Калкулации не смее да има. Секој мора да сноси одговорност за своите постапки“, напиша Бочварски.

bocvarski

Претходно, екипата на крим техника од Полициската станица – Штип и членовите на Здружението на спортски риболвци „Брегалница“- Штип земаа мостри од водата на реката Брегалница.

Спортски риболовци од здружението „Брегалница“ мострите од водата ќе ги испратат во Скопје, за да се открие какви хемекалии попладнево се испуштени од овој канал, а водата на река Брегалница е обено од населбата Македонка.

Бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, за да потврдат кој стопански субјект ја направи оваа хаварија.

Bregalnica pobelena 1

Забележуваат дека ова не е првпат реката Брегалница во штипскиот регион да ја смени бојата. Точно пред две години водата се обои во црна, сина и црвена боја. Инспекторскиот увид тогаш не откри виновници, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на поранешна Македонка, а кои се занимаваат со боење ткаенини.

Штипјани на социјалните мрежи споделуваат видеа и слики и ги повикуваат надлежните институции, конечно да го најдат виновникот на овие хаварии. Засега не е забележан помор на рибата.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6968/video-preku-kotek-grupa-gragani-na-obleshevo-se-obiduva-da-gi-reshi-problemite/