Реклама

Левица: Ќе ги обезбедиме до пензија сите стечајци

Донесување на Закон за материјално обезбедување на сите стечајци во Република Македонија ќе биде една од главните заложби на партијата Левица, рече на денешната прес кпнференција во Велес Бобан Кочовски, кандидат за пратеник од оваа партија.

Zito akcija 640x289px

“Левица е единствена политичка партија која што е раководена од деца на стечајци и лица кои што и самите се членови на работничката класа. Со овој закон сите неисплатени побарувања на стечајците ќе бидат во целост подмирени од страна на државата се до добивање на пензија. Со ова би помогнале на илјадници семејства кои долги години безуспешно сами ја водеа оваа битка, но Левица ќе стави крај на тоа”, рече Кочовски, кој, на промоцијата на својата пратеничка кандидатура, порача дека само преку социјална држава може да има социјална правда.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7005/12-godishno-dete-probodeno-so-nozh-vo-grbot/