Владејачката партија СДСМ денес во Велес ја промовираше својата програма и своите кандидати за пратеници од овој град.
Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата “Можеме” од Велес Ненад Коциќ, кој е петти на листата за пратеници во третата изборна единица, освен промоцијата на програмата, денеска на Плоштад С’рмаале имаше и средба со граѓаните.
Коциќ рече дека предизборната програма се базира на шест основни столбови и тоа нова македонска економија, еднаква на европската економија, развојот на здравствениот систем. Социјалата останува еден од столбовите на новата македонска економија.
“Ред, правда и дисциплина. Правда мора да има за сите. Она што го ветуваме е дека во наредните четири години ќе воведеме Европска правда и правда за сите, врз основа на закон и прописи. Не со судии од тефтер, туку ќе се изврши целосно деполитизирање и департизирање на судството” изјави Ненад Коциќ кандидат за пратеник во третата изборна единица.
Поврзани вести: