Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 15 јули, при што беше запознаен со планираните активности на мисијата, составена од девет експерти, во насока на набљудување на изборниот процес.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, заблагодарувајќи се за брзото распоредување на оценската мисија, Пендаровски го реафирмираше своето очекување изборите да бидат спроведени според највисоките стандарди и критериуми, како што доликува на земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија која треба да ги почне пристапните преговори.
Претставниците на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР, пак, го запознале Пендаровски со активностите кои ги планира оваа мисија составена од девет експерти.
Поврзани вести: