За три години на власт направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат, рече Ненад Коциќ, кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од Велес.
„Направивме многу. Економијата расте, а најдобар доказ е тоа што, како резултат на мерките поради корона-епидемијата беа спасени илјадници работни места во државата и се зајакна домашната потрпшувачка. Генерираме економија, која носи повисоки плати, која дава можност за еднаков напредок на сите“, рече Коциќ.
Тој рече дека императивнот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ се редот, правдата и дисциплината. Според Коциќ, од другата страна понудата е сосема различна, каде што стои старото ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа е старото ДПМНЕ, малку преоблечено, но во суштина ништо не се разликува од времето на груевизмот. Тоа е партија предводена од незрелиот и неодговорен Мицкоски. Претпладне глумат загриженост за државата, а попладне ги кршат сите мерки за безбедност поради корона – епидемијата, со што го загрозуваат колективното здравје во државата. Мицкоски е збунет политичар, кој е опасност за државата“, рече Коциќ.
Можеби ќе ве интересира: