Реклама

(ВИДЕО) Коциќ: Минималната плата ќе ја зголемиме за 40 проценти!

Kocik

Во следните четири години просечната плата ќе ја зголемиме за 30, а миниамлната плата за 40 отсто, рече Ненад Коциќ, кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од Велес. Коциќ потсети на проектите во социјалата и покачувањето на социјалната помош за 300 отсто. решавањето на статусот на 14.300 стечјани работници и инвестициите во здравството.

Zito akcija 640x289px

„Во државата моментално се направени преку 30 нови или реновирани здравствени установи. Разликата помеѓу тоа како било и како е сега можете да ја видите ако отидете во реновираната велешката Брза помош“, рече Коциќ.

Agria
sredba

Тој ги потсети велешани на успесите кои владата на СДСМ ги направила во минатите три години, решавањето на споровите со соседите, членството во НАТО и приближувањето кон членство во ЕУ. Коциќ рече дека програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и понатаму ќе се заснова на три столба – развој на економијата, здравството и социјалата.

„Ветуваме дека за четири години просечната плата ќе ја зголемиме за 30, а минималната плата за 40 отсто. Знаете дека кога ВМРО ДПМНЕ си замина од власта, минималната плата беше само 8.900 денари. Денеска таа изнесува 14.500 денари, што е зголемување за речиси 100 евра“, рече Коциќ.

Коциќ рече дека СДСМ се грижи за сите граѓани подеднакво, без разлика на вера, пол, националност, политичка припадност. За разлика од нас, како што истакна, ВМРО ДПМНЕ ги навредува различните, а пример за тоа е нивниот предизборен спот, во кои се омаловажуваат лицата со хендикеп.

Daniela

На синоќешната средба со граѓани од урбаната заедница „Богдан Каракостев“ во Велес, беше претставена и втората кандидатка за пратеник од редовите на владеачката коалициа Даниела Стојановска Пановска. Во своето излагање, таа рече дека, како професор, ќе се залага за повисок стандард за учениците и студентите, кои ги потсети на проектот со доделување ваучери, во време на епидемијата со коронавирус.

„Важно е да добиеме стабилна влада, за да ги продолжиме успешните политики, да ни се отворат нови работни места, да се зголемат платите и да имаме среќни и задоволни граѓани“, рече Стојановска Пановска.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7214/se-ponishtuvaat-site-reshenija-za-domashna-izolaczija-i-drzhaven-karantin/